Резултатите од истражувањето покажале дека само 5% позитивно одговориле дека во Македонија има владеење на правото.
„На СДСМ не им сметаа кога и како се објавувани анкетите на кои водеа, ама сега најдоа забелешка на објавувањето на анкетата каде што убедливо губат“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, и додаваат дека анкетата на американскиот институт ИРИ покажува дека само 18% сметаат дека Македонија се движи во позитивна насока.
„Анкетата покажува стабилно водство на ВМРО-ДПМНЕ со над 100 илјади гласа разлика и токму поради оваа причина СДСМ бегаат од избори. Опозицијата би била апсолутен победник на таквите избори“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека зголемените трошоци за живот, зголемувањето на цената на електричната енергија, зголемувањето на цената на нафтените деривати и лошото справување со економската, здравствената и енергетската криза покажуваат дека Владата не можела да се справи со моменталната криза.