НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарските туристи во топ пет по бројот на посети и ноќевања во Македонија

0
By Ivana on March 8, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски во интервју за познатиот бугарски туристички сајт Bgtourism.bg коментира дека државава има за цел да го зголеми од 15 до 20 отсто бројот на ноќевањата во 2022 година и бројот на туристите да го зголеми за 10 до 15 проценти.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Јаневски се надева дека Северна Македонија во 2022 година ќе надмине 2,5 милиони ноќевања и многу сериозно ќе ги зголеми приходите во однос на 2019 година. Во 2020 година фокусот беше ставен на домашниот туризам во Северна Македонија, во 2021 година на земјите од регионот, кои всушност генерираат 50 проценти од вкупниот број странски туристи.

Според Јаневски, во 2022 година регионот ќе продолжи да се смета за приоритет и ќе се работи на натамошно отворање на нови пазари. Оваа година туристите од Холандија, Белгија, Полска, Велика Британија ќе бидат пречекани преку одредени чартер компании и дополнително групи и индивидуални гости од Турција, Полска и од други земји, коментира Јаневски за бугарскиот туристички сајт.  Според него, сето тоа ќе зависи од светската политичка и економска стабилност.

-Туристите кои доаѓаат во Северна Македонија сакаат да трошат повеќе, да посетат голем број атракции и ние како сектор мора да го овозможиме тоа, посочува Јаневски.

Агенцијата што тој ја раководи планира да ги подобри односите меѓу Северна Македонија и Бугарија со активна кампања фокусирана на овој пазар со повеќе инфо тури, поканување тур-оператори за B2B состаноци во Скопје и презентирање на туристичкиот потенцијал во Софија со медиумска покриеност.

Според Јаневски, од сите туристи бугарските се во првите пет по бројот на посети и по бројот на ноќевања во Северна Македонија. Тој смета дека бугарскиот туристички пазар не го покажува целосниот капацитет, бидејќи можноста за патување била само со автобус.

Се надева дека новата авиолинија меѓу Софија и Скопје во блиска иднина ќе овозможи и повеќе туристи меѓу Софија и Охрид  преку лето да ги посетат Република Северна Македонија и Бугарија. Според него, тоа, сепак, многу ќе зависи од капацитетот на туристичките сектори на двете земји, кои по воведувањето на линијата Софија – Скопје мора да додадат вредност преку нивните договори, особено за „сити брејк“ посетите. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.