Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Илина Арсова избрана за „Европска жена на годината“

0
By Ivana on March 9, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 9, 2022 09:22

Делегацијата на Европската Унија во Скопје ја прогласи македонската ликовна уметница и планинарка, Илина Арсова за „Европска жена на годината“. 

Илина е планинарка, активистка за заштита на животната средина и уметница. Прва и единствена жена од Македонија која го освоила Монт Еверест висок 8848m и втора на Балканот која ги освоила највисоките врвови на сите 7 континенти. Истовремено се вбројува меѓу 70-те луѓе од целиот свет кои го совладале овој глобален екстремен планинарски предизвик.

Арсова е ревносна борка за заштита на животната средина на Охрид и Охридското Езеро, посветена на зачувување на UNESCO статусот на нејзиниот роден крај. Се има претставено на 15 соло и 50 групни настани посветени на животната средина и проблемите во модерното општество.

Како основач и поддржувач на национални и меѓународни движења и организации – TAKT, “Girl’s ride in Iran ”, The KOH I NOOR Project, Женска планинарска школа, Mountain Women, Школо за жени планинарски водичи – Илина е особено посветена на јакнењето на жените и девојчињата преку спортот.

Активно го користи спортот и како алатка за градење самодоверба и отпорност помеѓу младите луѓе преку директен контакт со 1850 деца од Скопје, Охрид, Преспа и преку-граничниот регион. Како волонтер во бегалски кампови во Грција, Илина заедно со “Climb Aid” и “Vasilika Moon” ги има претставувано качувачките спортови на бегалците.

Илина е авторка е на 2 книги и на краток документарен филм “This is Herstory” (2018) за инспиративни атлетичарки од Балканот кој е прикажан на 20-ина меѓунардни филмски фестивали и има освоено 4 меѓународни награди.

Иницијативата за доделување на наградата „Европска жена на годината“ во себе ја вклучува битната порака дека жената е клучен двигател на општествените процеси во сите сегменти, изјави првата дама Елизабета  Ѓоргиевска.
Според неа, биографиите и професионалните патеки на петте номинирани силни и посветени жени покажуваат дека токму жената е таа која ги поместува кон извонредност професионалните граници и влијае врз развојниот и еманципирачки општествен капитал.
– Честитки до Илина Арсова, добитничка на наградата! Верувам дека нејзиниот пат кон успехот ќе биде мотив сите заедно да продолжиме да го впишуваме сопствениот ракопис и да ги засилуваме аргументите за тоа дека сме различни но еднакви, додаде Ѓоргиевска.

Арсова беше претставена од германската амбасадорка, Анке Холштајн, а сосвен неа, во изборот учествуваа и докторката Маја Мојсова-Мијовска – претставена од амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ; претприемачката Наталија Бургиева – претставена од амбасадорот на Европска Унија, Дејвид Гир; режисерката Дина Дума – претставена од амбасадорката на Шведска, Кристин Форсгрен Бенгтсон; директорката на Националната галерија Дита Старова Ќерими – претставена од амбасадорката на Романија, Моника Аксинте.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.