Детска болница во Мариупол, пристаништен град на југот на Украина, е целосно уништена во руското бомбардирање, објави градското Собрание на Мариупол.
Руските окупациски сили фрлија повеќе бомби врз детска болница. Многу е уништено, објација тие покрај снимка од девастацијата.
Голем број на убиени и ранети жени
Украинскиот пратеник во парламентот, Дмитри Гурин за „Би-Би-Си“ изјави дека во руското бомбардирање на детска болница и гинекологија се убиени и ранети многу жени.
Сето тоа е еден комплекс – гинекологија и детска болница. Има многу убиени и ранети жени. Сè уште не знаеме ништо за децата и за новороденчињата, рече Гурин за „Би-Би-Си“.
„Гинекологија во центарот на градот, оддел за деца, оддел за интерна медицина… Се е уништено во руски воздушен напад на Мариупол“, објави Павло Кириленко, шеф на регионалната администрација во областа Доњецк.
Според достапните податоци, руските сили во целост го опколиле Мариупол, град кој веќе се денови е изложен на жестоки напади на руските сили. Во руските воздушни удари се нападнати цивилна инфраструктура и резиденцијалните делови во градот, а илјадници лица се останати без храна, вода и струја.
Црвениот крст ја опиша ситуацијата во Мариупол како „апокалиптична“, додека заменик градоначалникот вели дека во градот се убиени 1.200 лица.




