Британскиот премиер Борис Џонсон со твит со осуда на денешното гранатирање врз породилиште и детска болница во Мариупол.
Има малку работи кои се порасипани од напад врз ранливите и оние без одбрана, напиша Џонсон во твитот.
Тој порача дека Велика Британија бара начини како да обезбеди поголема поддршка за Украина во справување со воздушните напади.
Ќе се погрижиме Путин да биде одговорен за неговите ужасни злосторства, истакна Џонсон кој на твитот „залепи“ хаштаг „Путин не смее да успее“.
Градскиот совет на Мариупол соопшти дека во денешното руско бомбардирање била уништена детската болница.
Руските окупаторски сили фрлија повеќе бомби врз детска болница. Уништувањето е огромно, јавија градските власти поткрепувајќи го кажаното со видео снимка.
Со реакција се јави и претседателот Володимир Зеленски.
„Мариупол. Директен погодок на руските сили врз породилиште. Децата се под урнатини. Злосторство. Уште колку светот ќе биде учесник и ќе го игнорира овој терор? – Затворете го небото сега. Запрете го убивањето. Имате моќ, но, се чини, дека ја загубивте човештината“, порача Зеленски.




