Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Два месеца по операцијата: Почина првото лице на кое му беше трансплантирано срце од свиња

0
By Sashko on March 9, 2022 СВЕТ
Фото: University of Maryland School of Medicine
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 9, 2022 21:50

Два месецa по пионерскиот хируршки зафат, почина првиот човек на кој му беше трансплантирано срце од свиња, објави денеска американската болница која ја изврши операцијата. Дејвид Бенет (57) беше подложен на експериментална операција во Балтимор, Мериленд, бидејќи страдаше од срцева аномалија и немаше други опции.

Бенет почина во вторникот, соопшти медицинскиот центар на Универзитетот во Мериленд, додавајќи дека тој можел да комуницира со своето семејство во последните часови.

Лекарите го поздравија „храбриот човек“ кој дал голем придонес во унапредување на медицинската наука со учество во операцијата. Болницата не ја соопшти точна причина за смртта, но рече дека неговата состојба се влошила во последните денови.

Синот на Бенет, Дејвид Бенет Јуниор, рече дека неговиот татко знаел дека операцијата на 7 јануари можеби нема да биде успешна, но дека е благодарен на медицинската заедница за таквата иновација. Тој ја нарече процедурата „чудо“.

Ние сме благодарни за секој иновативен момент, секој луд сон, секоја непроспиена ноќ во овој историски напор. Се надеваме дека оваа приказна може да биде почеток на надежта, а не крај, рече Дејвид Бенет Џуниор во изјавата објавена од болницата.

Бенет беше избран како кандидат за уникатната операција поради сериозноста на неговата состојба и затоа што беше на апарати за одржување во живот. Тој немаше право на трансплантација на човечко срце, а медицинскиот центар на Универзитетот во Мериленд го нарече „единствена моментално достапна опција за пациентот“.

Во средата, научниот директор на програмата за трансплантација од животно на човек на Универзитетот во Мериленд, доктор Мухамед Мохудин, му оддаде почит на Бенет.

Бенет беше храбар човек. Без негов придонес, не можевме да ја направиме оваа постапка. Тој беше доволно храбар да го подари своето тело на науката и да го прифати ова свинско срце, што многумина не го сакаа. Благодарни сме на неговото семејство кое, исто така, го поддржа во овој период од два месеца, рече Мохудин.

„Ова е првпат свински орган да биде трансплантиран кај човек и има многу непознати што можеме да ги откриеме по внимателно проценување на податоците. Ќе излезат многу нови информации кои ќе му помогнат на полето да напредува со побрзо темпо“, додаде тој.

Управата за храна и лекови (ФДА) додели итно овластување за трансплантација врз основа на „сочувствителна употреба“ на седум дена пред Бенет да биде опериран.

Да се умре или да се направи оваа трансплантација. Сакам да живеам. Знам дека тоа е истрел во темнина, но тоа е мојот последен избор, рече Бенет, еден ден пред операцијата.

Лекарите со децении се обидуваат да дојдат до можност еден ден да користат животински органи за спасувачки трансплантации. Свињите долго време се користат во човечката медицина, вклучувајќи графтови од свинска кожа и имплантација на свински срцеви залистоци. Но, трансплантацијата на цели органи е многу посложена од употребата на високо обработено ткиво.

Претходните обиди за такви трансплантации, или ксенотрансплантација, беа неуспешни, затоа што телата на пациентите, во голема мера, брзо го отфрлаа органот од животинско потекло. Бенет преживеа значително подолго со генски уредено свинско срце отколку една од последните пресвртници во ксенотрансплантацијата – кога бебето Фе, калифорниско новороденче на умирање, живееше 21 ден со срце на павијан (вид на мајмун) во 1984 година.

Овој пат, научниците го модифицираа животното за да ги отстранат свинските гени кои предизвикуваат хипербрзо отфрлање и да додадат човечки гени за да му помогнат на телото да го прифати органот. Најпрвин, свинското срце функционирало, а болницата во Мериленд издавала периодични ажурирања дека Бенет полека закрепнува. Минатиот месец болницата објави видео на кое тој го гледа Суперболот од болничкиот кревет додека работи со својот физиотерапевт.

Отфрлањето на органите, инфекциите и другите компликации се ризици за секој примател на трансплантација.

Ова беше прв чекор кон непозната територија. Огромна количина на информации ќе придонесе за следните чекори, бидејќи тимовите во неколку центри за трансплантација ги планираат првите клинички испитувања. Беше неверојатен подвиг што остана во живот два месеци и можеше да ужива во семејството, рече доктор Роберт Монтгомери од NYU Langone Health, хирург за трансплантација.

Едно следно прашање е дали научниците стекнале доволно искуството од случајот со Бенет и некои други неодамнешни експерименти со генски уредени свински органи за да ја убедат ФДА да дозволи клиничко испитување, најверојатно, со орган како што е бубрегот кој не е веднаш фатален ако не успее.

Потребата за друг извор на органи е огромна. Минатата година во САД беа извршени над 41.000 трансплантации, што е рекорд, вклучително и околу 3.800 трансплантации на срце. Но, повеќе од 106.000 луѓе остануваат на националната листа на чекање, илјадници умираат секоја година пред да добијат орган, а илјадници други никогаш не се ни додаваат на списокот, што се смета за премногу оддалечено.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.