НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одбележување 79 години од депортацијата на македонските Евреи

0
By Ivana on March 10, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија (ФХЕМ) со повеќе комеморативни настани во Скопје, Битола и Штип, од денеска до 14 март ќе одбележат 79 години од холокаустот на 7144 македонски Евреи, кои на 11 март 1943 година биле собрани од нивните домови и потоа депортирани во логорот на смртта Треблинка.

Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија денеска од 19.30 часот ќе се одржи комеморативна вечер на која, како што најави Еврејската заедница, обраќања ќе имаат претседателот на државата Стево Пендаровски и амбасадорите на Израел и САД во земјава, Симона Франкел и Кејт Мари Брнз, а видеообраќање ќе има и Ендру Бејкер, директор за меѓународни еврејски работи во Американскиот еврејски комитет и претседател на Меѓународниот советодавен совет на ФХЕМ.

На комеморативната вечер ќе настапи гудачко трио и ќе биде отворена изложбата „Живот“ посветена на преживеаните Евреи кои ја возобновиле заедницата и придонеле во градењето на повоената држава.

Комеморативните настани ќе продолжат утре, 11 март, кога делегации од Еврејската заедница, претставници на Владата, дипломатскиот кор, невладиниот сектор, пријатели на заедницата и граѓани  ќе положат цвеќе пред Споменикот на 7144 македонски Евреи во некогашниот скопски Монопол, кој бил привремен концентрационен логор, и пред Споменикот на депортираните Евреи и Споменикот на паднатите борци во НОБ на Градските гробишта Бутел. Централните комеморативни активности утре ќе завршат со прием кај градоначалничката на Скопје Данела Арсова.

Амбасадата на Италија во соработка со Еврејската заедница во Република Македонија на 14 март ќе организира комеморативен онлајн-настан, на кој ќе се обрати Џулио Басе, режисер на филмот „Ѕвезденото небо над гетото во Рим“ (Un cielo stellato sopra il ghetto di Roma). Филмот се прикажува во Кинотеката од 9 до 14 март.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.