НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѓоргиевска на Светскиот ден на бубрегот: Еден од десет луѓе во светот боледува од хронична бубрежна болест

0
By НОВА ТВ Balaban on March 10, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Целта на одбележувањето на овој ден е да се подигне свесноста кај граѓаните за важноста на бубрежните заболувања, нивната застапеност, можноста за превенција и навремено откривање, начините на лекување и соодветен третман на бубрежно болните лица да се достапни секаде и за секого

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, денеска се обрати на одбележувањето на 10 март, Светскиот ден на бубрегот кој се одбележува под мотото: „Да се надминат непознавањата за да се зачува функцијата на бубрезите“, информираа од Кабинетот на претседателот Пендаровски.

Според Ѓоргиевска, со оглед на фактот дека еден од десет луѓе на светско ниво боледува од хронична бубрежна болест, клучно е спроведувањето на кампања и активности за зголемување на свесноста за оваа болест.

„Убедена сум дека можеме да влијаеме во борбата со бубрежните болести и да придонесеме за зголемување на грижата за здравјето на бубрезите кај нашата популација. Со тоа сите ќе придонесеме за подобрување на неповолната прогноза дека до 2040, бубрежните болести ќе бидат 5-ти најголем причинител за смртност во светот.  Затоа ќе повторам дека особено е значајно да не се штедат средства, ресурси, за да се намали негативната статистика поврзана со бубрежните заболувања“, рече Ѓоргиевска.

Според неа, колку порано се соочиме со бубрежните заболувања, толку ќе биде помала потребата од хоспитализации, интервенции, дијализа и трансплантации.

„Имајќи ја предвид долгата и тешка за сите нас, а особено истоштувачка по нашето здравство, пандемија со Ковид-19, свесни сме дека проблематиката со бубрежните заболувања, слично како и со многу други болести, дополнително се усложнува. Убедена сум дека со секогаш максималниот ангажман и професионализам на моите колеги нефролози, како и на останатите специјалисти, ситуацијата од ден на ден ќе се подобрува. Секако, и грижата и вниманието на нашите граѓани е потребна, затоа што секогаш е најдобро да се превенира и да се интервенира во почетната фаза“, рече Ѓоргиевска.

Светскиот ден на бубрегот се одбележува секоја година во вториот четврток од месец март во повеќе од 200 земји ширум светот. Целта на одбележувањето на овој ден е да се подигне свесноста кај граѓаните за важноста на бубрежните заболувања, нивната застапеност, можноста за превенција и навремено откривање, начините на лекување и соодветен третман на бубрежно болните лица да се достапни секаде и за секого.

Елизабета Ѓоргиевска Светскиот ден на бубрегот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.