Два и пол милиони лица ја напуштиле Украина од почетокот на руската интервенција која, дополнително, предизвика и два милиона внатрешно раселени лица, соопштија денеска Обединетите Нации (ОН).
„Бројот на бегалци од Украина денеска достигна 2,5 милиона. Исто така, проценуваме дека околу два милиона луѓе се раселени во Украина. Милиони беа принудени да ги напуштат своите домови поради оваа бесмислена војна“, објави шефот на Агенцијата за бегалци на ОН, Филипо Гранди.
Пол Дилон, портпарол на Меѓународната организација на ОН за миграција, рече дека меѓу два и пол милиони луѓе кои побегнале од Украина има 116.000 странски државјани.
Според статистичките податоци, пред воената интервенција на Русија во деловите на Украина што беа под контрола на централната власт во Киев имало повеќе од 37 милиони жители.




