Published: Friday, March 11, 2022 12:30
Германските јавни радиодифузери АРД и ЗДФ денеска соопштија дека продолжуваат да известуваат од Русија, откако ги испитаа последиците од новите строги закони за медиуми во Москва.
„Московските дописници на АРД и ЗДФ ќе известуваат за одлуките на руското раководство, но и за реакциите на граѓанското општество, на пример протести против војната, реакциите на руските елити или конкретното влијание на санкциите врз секојдневниот живот на руските граѓани“, се вели во соопштението на радиодифузерите.




