Со 98 гласа „за“, Собранието попладнево ја потврди потребата измените на Законот за додаддена вредност да бидат донесени по скратена постапка.
Потоа едногласно беше усвоена и потребата за донесување по скратена постапка на законот за акцизи.
Откако сите присутни пратеници, и од власта и од опозицијата гласаа „за“, спикерот Талат Џафери закажа седница на Комисијата за финансирање и буџет во 17.30 часот, за да се разгледаат и амандманите што ги поднесе опозицијата на предлог-законите што ги подготви Владата.
Џафери ја закажа комисиската седница затоа што Комисијата за финансирање и буџет е без претседател, откако Тимчо Муцунски беше избран за градоначалник на Аеродром.
Според Владата, измените и дополнувањата на законите за ДДВ и за акцизите треба да бидат донесени во итна собраниска постапка за да се обезбеди намалување на највисоките малопродажни цени на бензините и другите нафтени деривати