Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украинско МНР: Киднапирањето на градоначалникот Федоров е воено злосторство

0
By Biljana on March 11, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 11, 2022 22:05

Вооружената агресија на Руската Федерација против Украина е придружена со груби прекршувања на нормите и принципите на меѓународното право, вклучувајќи го меѓународното хуманитарно право, воените злосторства и злосторствата против човештвото, како и други прекршувања на човековите права од страна на руската војска, се вели во писмена изјава на Министерството за надворешни работи на Украина за киднапирањето на градоначалникот на Мелитопол.

„Едно од таквите груби прекршувања беше киднапирањето на градоначалникот на Мелитопол Иван Федоров на 11 март. Руските војници, кои веќе втора недела вршат ракетни и бомбашки напади врз цивилни објекти и инфраструктура во Украина, вклучително и детски болници и училишта, цинично го обвинуваат градоначалникот за „тероризам“.

Киднапирањето на градоначалникот на Мелитопол е класифицирано како воено злосторство според Женевските конвенции и Дополнителниот протокол, кои забрануваат земање цивилни заложници за време на војна.

Ја повикуваме меѓународната заедница веднаш да одговори на киднапирањето на Иван Федоров и другите цивили и да го зголеми притисокот врз Русија да ја прекине својата варварска војна против украинскиот народ.

Фактите за киднапирањето на градоначалникот на Мелитопол, како и стотици други факти за воени злосторства на руските окупатори на украинска територија, се внимателно документирани од агенциите за спроведување на законот. Виновниците за ова и за други кривични дела ќе бидат изведени на најстрога одговорност“, пренесуваат од Украинската амбасада.

злосторство киднапирање Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
ФОКУС
April 18, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

ВЕСТИ April 18, 2026

 Родителите бараа одговори кој кого штити и зошто не се постапувало навреме за да се…

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.