Фотографија на „Утрински весник“
Во интервју за „Утрински весник“ Генерал Тодор Атанасовски, претседател на Сојузот на борците на Македонија, зборува за значењето на АСНОМ, стекнувањето на државата и независноста, но и за горливите општествени прашања како етничките. НОВА пренесува кус дел од разговорот од „Утрински весник“ кој го направи новинарката Гордана Дувњак.
Утрински весникКому му пречат борците и антифашистичката борба? Зошто Македонија има потреба да се враќа со илјада години назад, а се заборава на блиското минато, за кое се’ уште има живи сведоци?
АтанасовскиЈас тоа го сфаќам како разисторија. Сегашната состојба во Македонија нема легитимитет. Ова не е природна состојба и не е одржлива на подолг рок. Не е еминентна, бидејќи Македонија по род е антифаштистичка земја. Таа не може да биде фашистичка во која било форма. Таа е осудена на демократија.
Утрински весникЗаговорник сте на тезата дека на овие простори во периодот од 1941-1945 сме немале директни судири со Албанците. Зошто тогаш во 2014 година се’ уште на нив се гледа како на најголема закана и се гради антиалбанско расположение?
АтанасовскиНОВ е најпреродбеничкaта фаза во националното зреење на македонската нација или нации. Знаете ли од кога не е македонското прашање еднонационално? Од крушевскиот период кога Илинденското востание се обидуваше да создаде држава. Но, тој преродбенички процес го прекинавме во 1945 година. Мислевме дека заврши војната и тргнавме по кариери. Тогаш се случи голема редукција на природната програма на народно-ослободителното движење во Македонија. Тоа не беше еднонационално движење. Зарем немавме албански бригади, српски единици, црногорски. Српски, но не шумадински, туку наши, овдешни. Тогаш го разбравме тоа. До 1950 година, Албанците и Ромите велеа: „Ние сме Македонци, ама потеклото ни е поинакво“. Кога еден процес ќе се прекине, кој е нужност, тогаш тој се враќа како бумеранг.
Целото интервју прочитајте го во „Утрински весник“