Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дури две третини од анкетираните 1.061 лекари биле навредувани на работа, а 13 доживеале и телесна повреда

0
By НОВА ТВ Balaban on March 12, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 12, 2022 15:31

Во однос на причините заради кои е извршено насилство 52,1 одговориле дека тоа е заради незадоволство на пациентите предизвикано од неисполнети желби за одредена дијагностичка процедура или терапија, а 37,7 отсто е поради административни процедури, како на пример, долго чекање за преглед или неможност да се закаже одредена дијагностичка процедура.

Вербалното и физичко насилство е сериозен проблем со кој се соочуваат докторите во секојдневното извршување на своите работни активности и потребно е итно преземање на мерки кои ќе придонесат за подобрување на состојбите, апелираше денеска Лекарската комора на Република Северна Македонија по повод 12 Март, Европски ден за подигање на свеста за насилството врз лекарите и другите здравствени работници.

На средбата во ЛКМ присуствуваа министерот за здравство д-р Беким Сали, заменик-министерот доц. д-р Владимир Рендевски, претседателот на Фармацевтска комора проф. д-р Бистра Ангеловска и претставник на Стоматолошка комора Јордан Стојаноски.

Со цел да направи пореално димензионирање на проблемот Комората спроведе анкета во која на електронскиот прашалник испратен до нејзините членови одговорил испратиле 1.061 испитаник, од кои 77,9 отсто одговориле дека доживеале физичко или вербално насилство на работното место во текот на работниот век. Висок процент од 76 отсто одговориле дека доживеале некаков некој вид на насилство во последниве 12 месеци. Од вкупниот број на оние кои одговориле позитивно на прашањето дали биле изложени на насилство, 79,9 отсто одговориле дека доживеале вербално насилство со викање и навредување, 34,5 отсто биле жртва на вербално насилство со закана дека ќе биде извршено и физичко насилство, 43 испитаници или 5,2 отсто биле изложени на физичко насилство без телесна повреда, а 13 испитаници или 1,6 отсто доживеале физичко насилство со телесна повреда.

Според одговорите на анкетираните нападот почесто го извршил некој кој бил придружба/роднина на пациент во 63,2 отсто од случаите, додека пациентот извршил насилство во 53,6 отсто од случаите. Во однос на причините заради кои е извршено насилство 52,1 одговориле дека тоа е заради незадоволство на пациентите предизвикано од неисполнети желби за одредена дијагностичка процедура или терапија, а 37,7 отсто е поради административни процедури, како на пример, долго чекање за преглед или неможност да се закаже одредена дијагностичка процедура.

Само 30.9 отсто од анкетираните доктори кои доживеале некаков вид на насилство на работното место го пријавиле инцидентот, најчесто кај својот работодавач (70.6%) и во полиција (42.7%). Поголем дел од инцидентите или 69,1 отсто не се пријавени, а како причина за непријавување на нападот во анкетата докторите наведуваат страв од негово повторување и недоверба во институциите.

„Бројките се загрижувачки, поради што и апелираме за поскоро донесување и ставање во сила на измените на Кривичниот законик со кои нападот врз здравствен работник на работно место ќе се смета за напад врз службено лице и по службена должност ќе се води кривична постапка против сторителот. Досега се направени измени на Законот за здравствена заштита, но за ова да почне да се применува во пракса потребно е да се направат и измени на Кривичниот законик за што е подготвен предлог-закон кој е во собраниска процедура на носење. Денеска нa Европскиот ден посветен на подигнување на свеста за борбата против насилството врз лекарите и здравствените работници јавно ги потсетуваме пратениците дека тие се на потег, бидејќи предлог-законот веќе неколку месеци е во собраниска процедура“, истакна претседателот на Лекарската комора, проф. д-р Калина Гривчева Старделова, додавајќи дека лекарите и пациенти имаат иста и заедничка цел, а тоа е обезбедување, односно добивање на квалитетна здравствена заштита, што може да се постигне единствено преку заедничко делување и соработка.

На денешната средба со министерот за здравство д-р Беким Сали се разговараше и околу преземање на дополнителни мерки, како што се ангажирање на професионално обезбедување и поставување на безбедносни камери, едукација на лекарите за справување со критични ситуации, како и едукација на пациентите во однос на нивните права и обврски во здравствениот систем.

„На овој ден сакам да потсетам дека во пандемијата со коронавирусот здравствените работници се на прва линија на борба со вирусот и нивната улога, вклучувајќи ја и пружената грижа за пациентите е клучна за стравување со вирусот. Недозволиво е во 21 век да има ситуации на напад врз лекари, така што со сиот свој авторитет ќе се заложам за поголема заштита на лекарите и на сите здравствени работници. Од позиција на министер, но и како доктор ќе се заложам заедно со стручната фела за овие законски измени да бидат побрзо донесени и имплементирани во пракса“, изјави министерот Сали.

Лекарска комора во 2017 потпиша Декларација „Стоп на насилство врз здравствени работници“ во Љубљана заедно со коморски здруженија од 15 земји од Централна и Источна Европа, членки на ЗЕВА. По овој настан Декларација – Стоп на насилството врз докторите на медицина, стоматологија, фармацевтите, медицинските сестри, техничари, акушерки и другите здравствени работници. беше потпишана и во нашата земја од страна на Лекарската комора, Стоматолошката комора, Фармацевтската комора, Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки и Министерството за здравство.  

лекари навредувани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.