НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Саудиска Арабија егзекутираше 81 лице во еден ден, осуда од сите страни на светот

0
By Соња Крамарска on March 12, 2022 НАСЛОВНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Саудиска Арабија денеска погуби 81 лице осудени за злосторства кои се движат од убиства  – до припадност на милитантни групи, најголема масовна егзекуција извршена во кралството во неговата модерна историја.
Меѓу погубените има 73 Саудијци, седум Јеменци и еден Сириец. Во извештајот не е наведено каде се извршени егзекуциите.

Државната саудиска прес-агенција ги објави денешните егзекуции, велејќи дека меѓу погубените има и “осудени за различни злосторства, вклучително и убиства на невини мажи, жени и деца“.
Кралството, исто така, соопшти дека некои од погубените биле членови на Ал Каеда, групата Исламска држава и поддржувачи на јеменските бунтовници Хути. Коалицијата предводена од Саудиска Арабија се бори со Хутите поддржани од Иран од 2015 година во соседен Јемен во обид да ја врати меѓународно признатата влада на власт.

“Обвинетите добија право на адвокат и им беа гарантирани нивните целосни права според саудискиот закон за време на судскиот процес, кој ги прогласи за виновни за извршување на повеќе грозоморни злосторства во кои загинаа голем број цивили и службеници за спроведување на законот“, соопшти Агенцијата за печат на Саудиска Арабија.
Не е наведено како биле егзекутирани затворениците, иако осудените на смрт обично се обезглавуваат во Саудиска Арабија.

Во соопштението на саудиската државна телевизија се опишани погубените дека „ги следеле стапките на сатаната“ во извршувањето на нивните злосторства.
Егзекуциите предизвикаа силна меѓународна осуда. “Светот треба да знае дека кога Мохамед бин Салман ќе вети реформи, сигурно ќе следи крвопролевање“, рече Сораја Баувенс, заменик-директор на Reprieve, група за застапување со седиште во Лондон.

Се претпоставува деа кралството ја избра саботата за егзекуциите бидејќи поголем дел од светското внимание е фокусирано на руската војна против Украина – а САД се преокупирани со обидот да ги намалат рекордно високите цени на бензинот.

Бројот на случаи на смртна казна што се извршуваат во Саудиска Арабија се намали за време на пандемијата на коронавирус, иако кралството продолжи да ги обезглавува осудениците, под лидерство на кралот Салман и неговиот син, престолонаследникот Мохамед бин Салман.

егзекуција Саудиска Арабија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.