НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рускиот милијардер Абрамович под истрга за португалското државјанство

0
By Biljana on March 13, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Рускиот милијардер Роман Абрамович, кој од минатата недела не е повеќе сопственик на Челзи, под сомнителни околности се стекнал со португалско државјанство за што полицијата почна истрага и го уапси рабинот Даниел Литвак, кој му овозможил да ги добие документите, објави весникот „Ел Паис“.

Истрагата, како што пишува португалскиот весник, почнала во јануари годинава кога се појавиле сомневања дека еврејската заедница во Порто фалсификува документи за наводно сефардско потекло на Евреи и учествува во „перење пари“.

Со измените на Законот од 2015 година со португалско државјанство можат да стекнат лица кои ќе докажат дека се потомци на сефарските евреи, протерани во 1496 година со одлука на кралот Мануел Први. Сефардите се Евреи, кои живееле на подрачјето на Пиринејскиот Полуостров, а од Шпанија биле протерани од католичките кралеви во 1492 година.

Во изминатите неколку години, според „Ел Паис“, биле поднесени вкупно 85.000 барања за португалско државјанство врз основа на сефардско потекло, од кои биле одобрени повеќе од 32.000.

Околу 90 отсто од тие барања, меѓу кои и тоа на Абрамович, биле поднесени од еврејската заедница во Порто.

Иако Абрамович добил португалско државјанство, тоа остана скриено од јавноста до есента лани кога веста ја објави весникот „Публико“.

Олигархот Абрамович, кој поседува руско, израелско и литванско државјанство, е еден од главните донатори на Музејот на холокаустот во Порто, отворен во април 2021 година. Еден месец подоцна, Абрамович пристигна во Порто за да присуствува на финалето од Лигата на шампиони меѓу клубот во негова сопственост Челзи и Манчестер сити.

Претходно оваа недела, британската Влада, поради руската инвазија врз Украина, му го замрзна целиот имот на Абрамович, а тој се повлече од раководството во Челзи

Абрамович истрага
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.