НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украинска пратеничка сведочи за хуманитарна катастрофа: Инвазијата ќе запре ако се забранат летовите

0
By Biljana on March 13, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Украинската пратеничка Кира Рудик пред македонските медиуми се обрати од Киев, на прес-конференцијата организирана од Либерално-демократската партија.

Интензивирање на поддршката на Украина во одбрана на својата посебност, идентитет, суверенитет и територијален интегритет, во продолжение на солидарноста со украинската заедница во земјава и Декларацијата во Собранието усвоена на предлог на ЛДП, најави денеска лидерот на ЛДП Горан Милевски на прес – конфернецијата која ја организираа заедно со пратеничка во украинската Врховна Рада (Парламент).

Украинската пратеничка која е и лидер на партија „Голос“ (Глас), смета дека руско – украинскиот конфликт не е локален туку носи глобални ризици и затоа, апелираат за помош за воведување забрана за летови над Украина, со цел, како што посочи, да ја запрат руската инвазија и да спречат хуманитарната катастрофа и страдањето на населението.

Според неа, важно е конфликтот кој влезе во 18 -от ден, што поскоро да заврши. Украинските сили имаат потреба од помош за да се спротивстават на руската воздушна надмоќност и нивните воздушни напади, кои се насочени кон големите градови. Рудик додава дека во моментов Киев е под воздушни напади и се подготвуваат со обезбедување залихи во очекување да бидат град под воена опсада.

-Благодарни сме на поддршката која ја добвиваме од сите сојузници, но ако насвистина сакате да и помогнете на Украина, тоа е со зона за забранети летови како би престанало бомбардирањето на нашите градови, вели Рудик.

Запрашана за изјавата на претседателот на САД Џо Бајден дека воено нема да интервенираат ниту да се вмешуваат во руско – украинскиот конфликт и од друга страна изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека кој било што ќе се замеша од земјите со испраќање воени авиони ќе се смета за директен напад врз Русија, со оглед дека во моментов не добиваат воена помош од други држави и постојат само економски санкции кон  Русија, Рудик вели нивен план е одбрана на земјата.

– Нашиот план е јасен, ние одговараме на воениот напад на Путин, но доколку Украина падне, следна е Полска и тоа Путин јасно го кажа и затоа сакам на НАТО да му упатам прашање кој е вашиот план како вие ќе одговорите на евентуален напад од Путин, на евентуална нова војна во централна Европа. Дали кога вие ќе бидеме нападнати дали ќе дозволите земја во централна Европа да падне, дали ќе гледате само како ќе се создадат нови три милиони бегалци. Јас го знам мојот план, мојот план е одбрана на нашата земја, а НАТО треба да каже кој е неговиот план, прашува Рудик која е присутна со свои изјави на сите светски медиуми за случувањата во Украина.

Според неа, на истокот во Украина во моментов веќе се случува хуманитарна катастрофа и тоа во Мариупол, Виновавка, Хардив, каде ситуацијата е вели катастрофална, а смета дека има можности тоа да се случува и во други делови на Украина.

партеничка Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025
ФОКУС

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

ВЕСТИ August 13, 2025

Израелската војска денеска повторно го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање, при што уште 123…

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.