Published: Monday, March 14, 2022 08:38
Поранешниот американски претседател, Барак Обама е позитивен на тест за ковид-19.
Информацијата ја потврди самиот Обама на Твитер, додавајќи, дека се чувствува добро, само што го „гребе“ грлото.
„Јас и Мишел сме благодарни што се вакциниравме и што го зајакнавме нашиот имунитет, нејзиниот тест беше негативен“, појасни Обама.




