Заменик гувернерот на Крим, што Русија го анектира во 2014 година, рече дека полуостровот сега е поврзан со копнен коридор со подрачјето на сепаратистичкиот регион Донбас во источна Украина, објави руската новинска агенција РИА Новости, пренесува Н1.
Руската агенција го цитира Георги Мурадов кој истакна дека руските сили го зазеле патот од Крим до Мариупол, но засега нема потврда на таквите наводи од украинска страна.
Истовремено, официјален Киев вели дека руските сили го блокирале конвојот со хуманитарна помош за опколениот пристаништен град Мариупол кој со денови е под руски напади. Сите обиди за евакуација на цивилното население од градот досега пропаднаа.
Набљудувачите оценуваат дека една од целите на рускиот напад на Украина е воспоставување на копнен коридор до сепаратистичките региони Донбас и Луганск од источна Украина кон Крим.




