Канцеларијата на јавното обвинителство на Украина соопшти дека во воените дејствија на руската армија во земјата досега се убиени 90 деца.
Според информацијата објавена денеска преку платформата „Телеграм“, од почетокот на руската агресија во Украина се убиени 90, а ранети над 100 деца. Најмногу од жртвите по региони има во Киев, следува Харков, потоа Доњецк, Чернигов, Суми, Херсон, Миколаев и Житомир.
Во текот на вчерашниот ден беа убиени две деца, а две ранети при ракетирање на цивилни објекти во регионот Миколаев.
Во бомбардирањата и гранатирањата се оштетени 379 образовни установи, 159 од нив се целосно уништени. Најмногу од нив – 119 во областа Доњецк, потоа следуваат Миколаев со 30, Суми со 28, Киев со 35, Херсон со 21 и Киев со 24 уништени образовни објекти.
„Конечните податоци допрва ќе се објавуваат, бидејќи е невозможно да се направи увид на места каде во тек се интензивно воени дејствија“, објавуваат украинските медиуми.




