Беспилотно летал е пронајдено во областа Бистрица-Насауд во Романија, а романското обвинителство соопшти дека е покрената кривична постапка и дека не се знае од каде полетало.
„Сè уште се работи на утврдување на потеклото на леталото. Засега не е идентификуван ниту неговиот сопственик. Во тек е истрага за утврдување на околностите под кои полетало и да се идентификува кој го управувал“, изјавија обвинители од областа Клуж.
Од полицијата на областа Бистрица-Насауд изјавиле дека леталото го пронашол млад човек во нива во близина на неговата куќа.
Во четвртокот минатата недела беспилотно летало од советско производство се урна во непосредна близина на Студентскиот дом во Загреб, откако претходно ги прелетало Романија и Унгарија, при што беа оштетени 40 автомобили, но никој не беше повреден.




