Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери-Борел: Што поскоро отпочнување на преговорите за членство во ЕУ за Северна Македонија

0
By Ivana on March 14, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 14, 2022 18:15

Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска оствари средба со високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија Жозеф Борел Фонтел. На средбата присуствуваа и координаторите на пратеничките групи и претставниците на помалите политички партии во Собранието.

Од страна на Џафери, како што соопшти прес-службата на Собранието, беше искажано задоволството за реализацијата на посетата во моменти кога е повеќе од потребна јасна потврда на европската перспективна на земјата, имајќи ги предвид, како што кажа, тековните настани во Украина и одредени случувања во нашето соседство, кои покажуваат колку брзо може да се промени мирот и стабилноста и рапидно да се зголемат безбедносните, економските, енергетските и други предизвици на континентот.

Тој го информирал Борел за донесената Декларација во Собранието, со која најостро се осудуваат воените напади кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и се повикуваат институциите на Република Северна Македонија да помогнат во обезбедување хуманитарна помош за бегалците од Украина.

Џафери се осврнал на исполнувањето на реформската агенда и надминувањето на отворените прашања со соседите во изминатите години, пред сè заради исполнување на стратешката определба на граѓаните за членство во Европската унија. Во таа насока, апелирал за што поскоро отпочнување на преговорите за членство за Република Северна Македонија.

Борел, посочуваат од собраниската прес-служба, искажал особено задоволство од реализацијата на средбата поради неговата долгогодишна историја во парламентаризмот и неговата претходна функција како претседател на Европскиот парламент.

Како добар познавач на регионот и застапник за процесот на проширување, ги поздравил чекорите преземени за унапредување на евроинтеграцискиот пат и повикал на надминување на одредени прашања укажани од страна на Европската комисија, кои првенствено одат во прилог на националниот интерес, но и на членството во ЕУ.

Тој го пофалил конструктивниот пристап на новите влади во Скопје и Софија и ја потврдил заложбата и активниот ангажман на челниците во Европската унија за што поскоро отпочнување на преговорите за членство во Европската унија.

– Од страна на претставниците на пратеничките групи и помалите политички партии беше едногласно потврдена определбата за унапредување на европската интеграција на државата, беше пренесена намалената поддршка кај граѓаните за ЕУ и стравувањето за губење на кредибилитетот на ЕУ доколку состојбата не се промени, како и силната поддршка за граѓаните на Украина, нивното право на самоопределување во нејзините меѓународно признати граници, се вели во соопштението.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.