Годишната престижна награда на „World Press Photo“ за 2012 година му припадна на шведскиот фоторепортер Пол Хансен од весникот „Dagens Nyheter“ за фотографијата на две палестински деца убиени во израелски ракетен напад во појасот Газа.
Фотографијата прикажува група мажи кои ги носат телата на двегодишниот Сухаиб Хијази и неговиот тригодишен брат Мухамед, одејќи на погребна церемонија во џамија.
„Моќта на оваа фотографија е во начинот на кој е прикажан контрастот меѓу гневот и болката на возрасните и невиност ана убиените деца”, објасни Маију Мохана, членка на жирито за изборот „World Press Photo of the Year“ за 2012 година