Светската група за човекови права „Хјуман рајтс воч“ соопшти дека припадници на армијата на Мали убиле најмалку 71 цивил од декември.
Случаите на злоупотреби од страна на припадниците на армијата се регистрирани во централниот и во југозападниот дел од земјата, каде се водат вооружени престрелки за задушување на исламистичкиот бунт што ја зафати земјата во 2012 година.
„Има драматичен раст на бројот на убиени цивилни лица од армијата на Мали, како и жртви на вооружените исламистички групи. Бројката веќе навестува воено злосторство“, изјави Корин Дуфка, директорка на „Хјуман рајтс воч“ за централната малиска област Сахел.
Во истиот период се убиени и 36 цивили од страна на припадниците на исламистичките бунтовници.
Воената управа на Мали ги отфли тврдењата.




