Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУЛЕКС ја засилува својата специјализирана полициска единица на Косово

0
By Mirjana on March 15, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 15, 2022 12:36

ЕУЛЕКС ја засилува својата специјализирана полициска единица на Косово во следните неколку недели, со резервна група од 92 жандарми и како таква ќе му се приклучи на контингентот од 105 полски полицајци.

Резервната полициска единица е составена од 92 припадници на европските жандармериски сили (ЕУРОГЕНДФОР) од Португалија, Франција и Италија, а привремено ќе биде распоредена на Косово и Метохија со цел зајакнување на капацитетите на постојната специјализирана полициска единица (СПУ) на ЕУЛЕКС, соопшти командата на  ЕУЛЕКС во Приштина.

Резервната СПЈ ќе го поддржи ЕУЛЕКС во исполнувањето на своите задачи, како втор степен за реагирање на безбедносните состојби на Косово, доколку е потребно, имајќи го предвид безбедносното опкружување, се наведува во соопштението.

Единицата на ЕУЛЕКС е втор степен за реагирање на безбедносните состојби на Косово и Метохија, како дел од трислојниот механизам за реагирање на безбедносни состојби, во чии рамки косовската полиција е прва инстанца за реагирање на безбедносни ситуации, ЕУЛЕКС е втор и КФОР трета инстанца за реагирање на безбедносни состојби.

Редовната единица СПЈ на ЕУЛЕКС има 105 полски полицајци стационирани во Митровица. Резервата СПЈ, обезбедена од ЕУРОГЕНДФОР, има 92 жандарми, 42 од Португалија, 28 од Франција и 22 од Италија. Тие ќе бидат сместени во базата за поддршка на ЕУЛЕКС во Косово Поле и ќе бидат под команда на ЕУЛЕКС.

Во соопштението се вели дека „распоредувањето на резервната СПЈ ја покажува решеноста на ЕУЛЕКС да продолжи да ја поддржува стабилноста на Косово и да придонесува за безбедноста на жените, мажите, девојчињата и момчињата од сите заедници во Косово“.

Во соопштението се објаснува дека силите на европската жандармерија се оперативни, претходно организирани, робусни и брзо распоредени интервентни полициски сили.

Специјализираната полициска единица на ЕУЛЕКС е втор степен што реагира на безбедносните ситуации на Косово и Метохија и обезбедува постојана поддршка на капацитетот на косовската полиција да ги контролира масите и немирите преку советување и заедничка обука. Целта на вториот степен за реагирање на безбедносните состојби е деескалација на тензиите и воспоставување јавен ред, како и заштита на животот, интегритетот и имотот на настраданото население.

ГО ЗГОЛЕМУВА КОНТИНГЕНТОТ ЕУЛЕКС . КОСОВО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.