На Марина Овсијаникова, новинарката која вчера упадна на вестите на државниот Прв телевизиски канал во Русија, со транспарент на кој пишуваше дека се е пропаганда и гледачите да не веруваат и да не ја следат повеќе, и се закануваат 15 години затвор јавуваат странските медиуми. Би Би Си дури објави дека од синоќа новинарката била исчезната.
Кремљ денеска соопшти дека постапките на новинарката со која ги прекина вестите во живо за да ја осуди војната во Украина се „хулиганство“.
„Што се однесува до оваа жена, тоа е хулиганство“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, притоа истакнувајќи го Канал 1 за објективна и квалитетна програма.
Новинарката го изрази своето несогласување со постапките на нејзината влада, со влегување во студиото и држење на натпис зад водителката и извикување слогани со кои се осудува војната во Украина, коментира Ројтерс.
Овсијаникова, која беше уредничка на рускиот државен „Прв канал“, беше приведена откако вчера се појави со антивоен знак.