Претседателот на Украина, Володимир Зеленски се обрати преку видео линк до премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон и до други земји од Заеднички ескпедициски сили и изрази фрустрација поради одбивањето на НАТО да воспостави зона на забранети летови над Украина.
„Слушаме многу приказни за Трета светска војна, која наводно би можела да почне ако НАТО го затвори небото за руските авиони и проектили. Тоа ѝ овозможува на војската на Русија да бомбардира мирни градови и да уништува станбени блокови, болници и училишта“, истакна Зеленски.
Тој нагласи дека НАТО е најсилен сојуз во светот, но дека некои негови членки ги „хипнотизирала“ агресијата на Русија.
Заеднички експедициски сили ги сочинуваат Велика Британија, Данска, Естонија, Финска, Исланд, Летонија, Литванија, Холандија, Норвешка и Шведска.




