Од 16 февруари, на 45-годишниот Навални му се суди во затворски комплекс на 100 километри источно од Москва.
Истражните органи го обвинуваат за проневера на милиони рубљи во вид на подароци, дадени на неговите антикорупциски организации и поради „навреда на судот“ за време на едно од неговите претходни рочишта.
Навални во 2020 година мина неколку месеци на лекување во Германија, откако беше отруен со нервен агенс за што го смета за одговорен рускиот претседател Владимир Путин.
Тој е уапсен во јануари во 2021 година, откако се врати во земјата од Германија и беше осуден на две и пол години затвор за стар случај на проневера што датира од 2014 година. Таа пресуда предизвика бројни осуди на Западот и санкции против Москва.
Во јуни 2021 година, судот ги прогласи неговите главни организации како „екстремистички“, што доведе до нивно затворање и кривично гонење на многу нивни активисти. Повеќето од нив оттогаш заминаа во егзил.
Навални неодамна се изјасни против руската инвазија во Украина и ги повика своите поддржувачи да демонстрираат за мир и покрај ризиците од апсење и судско гонење.




