Published: Tuesday, March 15, 2022 14:27
Околу 23 милиони луѓе во Авганистан се соочуваат со акутен глад, изјави заменик специјалниот пратеник на Обединети Нации (ОН) за хуманитарни прашања, доктор Рамиз Алакбаров.
„Неверојатни 95 отсто од населението во Авганистан не јаде доволно храна, при што тој процент се зголемува на речиси 100 отсто во домаќинствата водени од жени“, истакна Алакбаров, додавајќи дека тоа е сурова реалност.
Во јули, пред талибанците да ја преземат власта во Авганистан, 14 милиони луѓе се соочуваа со акутен глад.
Меѓународните фондови за развој се замрзнати, како и резервите од над девет милијарди долари на авганистанската Централна банка, што предизвика финансиска катастрофа во земјата.




