Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петровска-Мохамед Ал-Атија: Најкусиот пат кон мирот и стабилноста е дијалогот

0
By Ivana on March 15, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 15, 2022 16:47

Северна Македонија како земја – членка на НАТО сака да развива блиски одбранбени односи со важните партнери на Алијансата, како што е Катар. Оваа прва средба е само почеток на една плодна соработка на која сме исклучително посветени и убедени дека има огромен потенцијал, истакнала министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната средба со вицепремиерот и државен министер за одбрана на Катар, Халид Бин Мохамед Ал-Атија, кој престојува во прва официјална посета на Северна Македонија.

Од Министерството за одбрана информираат дека двајцата соговорници, зборувајќи за безбедносната состојба во светот, се согласиле дека дијалогот е најкусиот пат кон мирот и стабилноста.

– Ја цениме улогата на Катар во унапредувањето на глобалната безбедност. Би сакала да изразам најдлабока благодарност за помошта и поддршката од Катар минатиот септември, при евакуацијата на македонските граѓани од Авганистан, нагласила министерката Петровска.

Потенцирала дека Северна Македонија е подготвена да продолжи со интензивните контакти за усогласување и потпишување на меморандум за соработка во областа на одбраната со Катар, не само како правен документ, туку како конкретен план на активности за соработка.

– Потенцијалот за блиска одбранбена соработка е навистина голем. Армискиот полигон „Криволак“ нуди одлични можности за вежби и обуки кои ќе бидат од корист и за двете вооружени сили. Имајќи го предвид негативното влијание на дезинформациите и лажните вести, во Министерството развиваме Центар за справување со овие закани и тоа може да биде уште една одлична можност за билатерална соработка, посочила министерката.

Петровска истакнала дека Северна Македонија и Армијата се отворени за соработка во доменот на Центарот за обука на пилоти и заедничките инвестиции во инфраструктурата.

Катарскиот вицепримиер и државен министер за одбрана Ал-Атија порачал дека Северна Македонија е важен пријател и партнер на Катар и изразил подготвеност за продлабочување на одбранбената соработка.

Тој го честитал членството на Северна Македонија во Алијансата и се согласил дека можностите за развивање на соработката во одбраната се извонредни, а неговата неколкудневна посета на Северна Македонија ќе придонесе кон конкретизирање на областите на соработка.

Во рамки на посетата, делегацијата од Катар ќе го посети и армискиот полигон „Криволак“, а ќе има средби и со највисокиот државен врв на Северна Македонија.

Катар е дел од Истанбулската иницијатива за соработка на НАТО, а практичната соработка на Алијансата со оваа држава се остварува преку Индивидуална програма за партнерство и соработка и преку програмата „Наука за мир и безбедност“ фокусирана на напредната технологија поврзана со сајбер безбедноста. Истанбулската иницијатива за соработка е креирана на Самитот на НАТО во 2004 година и освен Катар, во оваа иницијатива членуваат и Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.