Албанскиот јазик официјално ќе се најде и на полициските униформи, информира преку својот фејсбук профил, првиот вицепремиер Артан Груби.
– Уште една успешно извршена задача. Албанскиот јазик официјално и во полициските униформи. На денешната седница на Владата ја усвоивме измената на Уредбата за униформите и нивните симболи со која се предвидува употреба на албанскиот јазик како службен јазик во униформите на полициските служби согласно законот, напиша Груби.