Published: Wednesday, March 16, 2022 08:05
Премиерот на Украина, Денис Шмигал изјави дека неговата земја претрпе штета од над 500 милијарди долари од почетокот на руската инвазија.
Тој, на вчерашната средба со лидерите на трите земји од ЕУ – Чешка, Полска и Словенија во Киев, истакна дека Русија по војната треба да плати за обнова на Украина.
Шмигал додаде дека Украина ќе побара финансиска помош од сојузниците.




