Независна Украина ќе постои многу подолго отколку Владимир Путин, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен во синоќешното интервју за „Си-Ен-Ен“
„Вака или онака, Украина ќе остане, а Путин еднаш ќе го снема“, изјави Блинкен.
Во интервјуто, државниот секретар го повика рускиот претседател да запре со војната.
„Веднаш запрете ја војната“, повика тој.
Тој уште еднаш ја предупреди Кина за тешки последици ако одбере да помага на Москва во избегнување на санкциите.
„Фактот дека Кина не го осуди она што Русија го прави, самото тоа зборува многу“, изјави Блинкен.