Published: Wednesday, March 16, 2022 10:10
Украинската армија во текот на ноќта презеде офанзивни операции надвор од Киев, уништувајќи значителен број на непријателска воена опрема и сила, изјави советникот на украинскиот претседател за внатрешни работи, Вадим Денисенко.
Националната Служба за вонредни ситуации утрово објави дека во Киев се слушнале неколку експлозии, а во гранатирањето биле оштетени две станбени згради.
Станбена зграда од 12 ката во близина на центарот на Киев била погодена при руско гранатирање рано утринава, предизвикувајќи пожар на неколку ката. Зградата во областа Шевченковски се наоѓа на само неколку километри од центарот Киев. Според првичните информации две лица се повредени, а 37 се евакуирани од зградата.
Во нападот е оштетена и соседната деветкатница.




