Трговски дуќани во Струга и во Дебар се соочија со вкупно 11 казни од Државниот пазарен инспекторат за само два дена контролни активности.
– При контрола во трговијата, во саботата и понеделникот екипите на Државниот пазарен инспекторат изрекоа девет мерки во Струга и две во Дебар. Казните се за непочитување на одлуката за висината на маржата, односно применување маржа повисока од три отсто, додека забележавме почитување на цените на безпрофитните производи. На сите субјекти им се исречени казни од по 7.000 евра, изјави раководителот на одделението во Струга, Шпендим Илјази.
Тој упати апел до граѓаните да пријават на нерегуларности на телефонскиот број 191, а трговците да ги почитуваат владините одлуки.
– Ова е светска криза и трговците треба да имаат солидарност и да ја почитуваат одлуката на Владата, нагласи Илјази.