– Комитетот на министри на Советот на Европа донесе одлука: Руската Федерација од денеска, 16 март, престанува да биде член на оваа организација. Оваа одлука е донесена „поради неоправданата и без никаква причина предизвикана руска агресија врз Украина“, се наведува во објавата на оваа најстара европска организација.
Русија пак соопшти дека донела „своеволна, избалансирана и промислена одлука,преку Парламентот кој едногласно заклучи дека Руската Федерација повеќе не треба да биде држава членка на Советот на Европа, се наведува во образложението на Руската федерација.
Комитетот на министри денеска одржа вонредна седница свикана по повод известувањето од руското Министерство за надворешни работи за одлуката на руското раководство да се повлече од Советот на Европа, се вели во соопштението од Стразбур. Руското Министерство за надворешни работи претходно денеска соопшти дека Русија формално го напуштила Советот на Европа, но и дека останува отворената соработка со членови на оваа организација, пишува агенцијата Тасс.
The Russian Federation is excluded from the Council of Europehttps://t.co/dVUE8W5Rnd
— Council of Europe (@coe) March 16, 2022