Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Подобрување на соработката со МВР за поголема отчетност и транспарентност

0
By Ivana on March 16, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 16, 2022 19:14
Здружението на новинари на Македонија и канцеларијата на Советот на Европа денеска одржаа семинар на тема „Подобрување на соработката меѓу новинар(к)ите и полициските органи со цел поголема отчетност и транспарентност“ каде беа новинари како и претставници на Министерството за внатрешни работи кои работат во доменот на односи со јавноста.

Овој настан им даде можност на новинарите, припадниците на МВР и другите медиумски актери да разговараат на теми кои имаат за цел продлабочување на соработката при размена на информации од јавен карактер.

Младен Чадиковски во својот воведен дел ја истакна важноста од продолжување на соработката помеѓу МВР и новинарите, со цел безбедно и слободно вршење на новинарската работа.

„Како Здружение на новинари секогаш сме на страната на точната информација, на страната на професионалното новинарство, а верувам дека благодарение на оваа соработка, комуникациајта со МВР ќе се искачи на скалило погоре. За да можеме ние да ја вршиме безбедно и слободно нашата работа, потребна е поддршка од Министерството за внатрешни работи. Верувам дека одиме во позитивна насока и дека така ќе остане“ – кажа Чадиковски.

Александра Богдановска, зборуваше за плодната соработка помеѓу ЗНМ и Советот на Европа и јавно искажа благодарност за активната соработка во изминатиот период преку заедничките организирани онлајн настани, и после долго време соработката продолжува преку конкретни иницијативи во живо каде се дискутираат овие актуелни теми кои ги засегаат новинарите и медиумските работници.

Тони Ангеловски, помошник на министерот за односи со јавност (портпарол) при МВР во своето излагање нагласи дека е од основно значење е користењето на полицискиот билтен, каде што ги има основните информации потребни за информирање на јавноста. Но, доколку новинарот има потреба од подетални информации, во тој случај службите на МВР во рамките на своите можности ќе ја обезбедат информацијата.

Новинарот Огнен Чанчаревиќ, вториот во својата презентација се осврна на темата„ Навремено и точно давање на информации како предуслов за објективно информирање (анализа)“. Тој истакна дека кога новинарите известуваат за теми кои се од црна хроника нема простор за сензационализам а новинарите треба строго да се придржуваат до етичките принципи посебно за овие сензитивни теми.

Мирјана Поповиќ експертката на Советот на Европа зборуваше на тема „Праксата во соседните земји кога станува збор за соработка  на министерствата за внатрешни работи и медиумските работници“ нагласувајќи ја важноста од соработката помеѓу полицијата и медиумските работници, како надоврзување на претходните соговорници. Го истакна примерот на соработка помеѓу двете страни во Црна Гора, каде што за потребите на истата, формирана е специјална комисија за соработка чија цел и задача е да се влијае врз намалување на заканите и насилствата врз новинарите.

„Мора да работиме на подобрување на комуникацијата помеѓу новинарите и полицијата, Проблематичниот однос предизвикува негативни ефекти“ – рече Поповиќ.

На овој настан беше промовирана анализата насловена како „ПОДОБРУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА МЕЃУ НОВИНАР(К)ИТЕ И ПОЛИЦИСКИТЕ ОРГАНИ СО ЦЕЛ ПОГОЛЕМА ОТЧЕТНОСТ И ТРАНСПАРЕНТНОСТ“ на која автори со Тони Ангеловски и Огнен Чанчаревиќ. Анализата набргу ќе биде јавно достапна на македонски, албански и англиски.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.