Published: Thursday, March 17, 2022 09:05
Најмалку четири лица загинаа во силниот земјотрес, што вчера го погоди источниот дел на Јапонија, јави „Си-Ен-Ен“.
Агенцијата ДПА јави дека во земјотресот со интензитет од 7,4 степени според Рихтеровата скала се повредени, речиси, 200 лица.
Во погоденото подрачје се наоѓа и нуклеарната централа „Фукушима Даичи“, што беше погодена од цунамито во 2011 година, настан што сè уште е тежок за Јапонија и остави голем дел од регионот, до ден-денес, напуштен.




