Published: Thursday, March 17, 2022 09:56
Руска ракета ноќеска околу 3.30 часот по локално време погоди училиште во Мерефа, во областа Харков, на северозападот на Украина, соопшти локалната служба за вонредни ситуации, пренесува „Би-Би-Си“. Информации за жртви засега нема.
Објектот е делумно оштетен додека пожарникарите се борат за контрола врз пожарот.
Локалните медиуми јавуваат дека, покрај училиштето, е погоден и јавен центар.




