Ѕвездата на рускиот балет Олга Смирнова ја напушти гледната балетска куќа „Бољшој балет“ поради руската агресија врз Украина, пренесува „Си-Ен-Ен“. Таа дала отказ и во иднина, наместо во Москва, ќе игра за хландскиот национален балет во Амстердам.
Смирнова, чиј дедо е Украинец, на „Телеграм“ напиша дека е „против војната со сите делови на своето срце“.
„Никогаш не помислив дека ќе се срамам од Русија. Секогаш бев горда на талентираните Руси, на нашите културни и спортски достигнувања. Но, сега чувствувам дека е повлечена линија која ги раздвојува минатото и иднината“, пишува во нејзината изјава што ја објави холандскиот национален балет.
„Ме боли што луѓе умираат, што губат кров над глава или се принудени да ги напуштат своите домови. А кој би помислил пред неколку денови дека ова ќе се случи? – Можеби не сме во епицентар на воениот судир, но не можеме да останеме рамнодушни на оваа глобална катастрофа“, додаде Смирнова кој беше дел од „Бољшој балет“ од 2011 година.
Нејзината објава следува по повеќе од една недела, откако двајца други членови на „Бољшој балет“, бразилскиот солист Давид Мота Соареш и Италијанецот Џакомо Тиси си дадоа откази.




