Во обраќање пред Бундестагот, украинскиот претседател, Володимир Зеленски, уште еднаш апелираше до Германија да ја засили поддршката кон Украина во борбата против руската инвазија.
За време на 20-минутниот говор, Зеленски говореше за слабата воена помош од Германија, но и за „ѕидот“ меѓу двете држави, a од пратениците беше поздравен со силен аплауз.
– Германија работеше на тоа да се изгради ѕид околу Украина и со тоа ја изолираше и ја испорача на Русија. Тој ѕид секој ден е сè поголем, како минува времето и Германија не ни помага. Урнете го ѕидот, помогнете ѝ на Украина, побара Зеленски.