Published: Thursday, March 17, 2022 11:43
Украина се обрати до Јапонија со барање за отстапување на сателити кои може да направат снимки со висок квалитет што ќе ѝ бидат од помош за одрбана од руските трупи.
Јапонската влада и приватните компании поседуваат такви сателити со можност за снимање на голема оддалеченост и дење и ноќе, како и низ облаци и други атмосферски пречки.
Владата во Токио најави дека внимателно ќе го разгледа за да утврди дали барањето за отстапување на сателити за Украина е политички прифатливо ки дозволено според актуелната законска рамка, пренесува „Гардијан“.




