На 16.03.2022, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода М.А.(45) од Скопје. Таа се сомничи дека во претходниот период извршила кражби во три станови во Скопје, при што одзела накит со вкупна вредност од околу 960.000 денари.
Од сопственичките на трите станови, каде повремено било ангажирана за чистење, таа била пријавена на 14.03.2022, дека ја искористила нивната доверба и повеќепати одзела поголема количина златен накит.