Полнолетните мажи од Украина не смеат да ја напуштат земјата додека трае руската инвазија, но еден 37-годишник се сокрил во кутија за детски играчки во автомобилот и со сопругата и децата се обидел да го прекрши правилото.
Граничната полиција го фатила на преминот Росошани кон соседна Модлавија. Автомобилот полн со играчки и детски работи им станал сомнителен на полицајците и, откако ги провериле документите на жената и децата, го претресоа и багажот. Во него пронајдоа маж во кутија со играчки.
„Како што се посомневавме, сопругата се обидела на таков начин да го пренесе таткото на своите деца преку граница. Граничарите не го пропуштија патникот, бидејќи е забранет премин за мажи на возраст од 18 до 60 години, изјавија од украинската Служба за гранична стража.
Против 37 годишниот маж е поднесена тужба за обид за неовластено минување на државната граница, а ќе се обвини и сопругата, која според член 332 од Казнениот законик, се обидела незаконски да пренесе лице преку граница.
Што се однесува до забраната за напуштање на државата, постојат исклучоци за медицински причини, ако таткото се грижи за три или повеќе деца, ако сам одгледува дете, ако има дете со посебни потреби или ако посвоил дете. Две деца не влегуваат во тие исклучоци.




