Опозициската ВМРО-ДПМНЕ истапи со реакција на денешниот избор на обвинители во тимот на обвинителката Вилма Русковска. „Русковска да одговори зошто изборот на јавни обвинители не беше пренесуван јавно и целиот процес не беше транспарентен? Што сакаа да скријат со изборот на ваквите обвинители?“, се вели во соопштението до јавноста.
Понатаму се наведува и дека истите обвинители кои до сега не гонеа и штитеа организиран криминал, отсега ќе треба да гонат криминал.
„Со истите овие обвинители и оваа власт на СДСМ и ДУИ државава стана најкриминална во Европа според сите мерења. Тоа е заслуга на истите обвинители кои денес одново добија функција“, се вели во соопштението.