Published: Thursday, March 17, 2022 13:32
Марија Захарова изјави дека наводите на германскиот весник „Билд“ дека шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров се вратил во Москва од пола пат кон Пекинг се лажни.
„Тоа е ненадминливо. Германскиот весник „Билд“ победи во пласирање на лажни вести, пишувајќи дека „Лавров синоќа летал за Пекинг, но претседателот му наредил на министерот за се врати“, напиша портпаролката на руското МНР на Телеграм.
Како што појасни, во текстот се тврди дека авионот со Лавров , наводно, се свртле над Новосибирск и слетал на аеродромот Внуково во Москва.
„Лавров синоќа до доцна работеше во Министерството, а утрово почна подготовки за преговори со колегите од Блискиот исток во Москва“, додаде Захарова.




