70 семејства од Општина Центар добиле по 7000 денари парична помош за новороденчиња, информираат од локалната самоуправа.
Средствата им биле доделени како првична помош и поддршка на родителите кои имаат принова во семејството и се жители на Општина Центар.
Градоначалникот Горан Герасимовски денеска посети дел од семејствата и лично им ги врачи решенијата за доделување на парична помош заедно со пригодни подароци и на најмладите им посака добро здравје и безгрижно детство.
Оваа парична помош Општина Центар ја доделува тековно секоја година како дел од активностите за детска заштита и во рамки на проектот за првична помош и поддршка на родителите кои имаат принова во семејството, а се жители на Центар.