Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Летаат оставки во руските медиуми

0
By Соња Крамарска on March 17, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 17, 2022 14:06

Кога Марина Овсијаникова упадна во руското студио во ноќните вести во понеделникот, осудувајќи ја војната во Украина и пропагандата околу неа, нејзиниот протест го истакна тивкиот, но постојан тренд на оставки во строго контролираната руска државна телевизија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и се заблагодари, апелирајќи до секој кој работи, како што го нарекува, за рускиот пропаганден систем, да поднесе оставка. Секој новинар кој работи во четвртата гранка на власта, ризикува санкции и меѓународен трибунал за „оправдување воени злосторства“, предупредува тој.

Некои од најголемите навивачи на рускиот претседател Владимир Путин на државната телевизија веќе се соочија со санкции, вклучувајќи го Владимир Соловјов кој води ток-шоу на најголемиот руски канал „Россија-1“ и Маргарита Симонјан која обвини дека секој што се срами дека е Русин во овој момент навистина не заслужува да  биде Русин.

Неколку часа по протестот на Марина Овсијаникова на екранот, на виделина излегоа три оставки.

Колешката на Канал 1, Жана Агалакова, ја напушти работата како дописник за Европа, додека двајца новинари ја напуштија ривалската НТВ: Лилија Гилдеева работеше за каналот како водителка од 2006 година, а Вадим Глускер беше во НТВ речиси 30 години.

Се шират гласини дека новинари заминале и од серуската државна ТВ група ВГТРК. Новинарот Роман Супер рече дека луѓето масовно го напуштаат дескот за вести.

Уредничката Марија Баронова е најпознатата оставка во РТ, порано позната како Раша Тудеј. Поранешната главна уредничка на РТ изјави за Би-Би-Си дека Путин го уништил угледот на Русија и дека и економијата е мртва.

Оставка поднесоа и голем број други новинари на РТ, вклучително и неруски новинари кои работат за нејзините подрачни редакции.

Поранешната дописничка од Лондон Шадија Едвардс-Дашти ја објави својата оставка на денот кога Русија ја нападна Украина без да наведе причина. Новинарот од Москва, Џони Тикл, даде отказ истиот ден за причина наведувајќи ги „неодамнешните настани“.

Францускиот водител на РТ, Фредерик Тадеи, рече дека ја напушта својата емисија затоа што Франција е „во отворен конфликт“ со Русија и дека не може да продолжи да ја води својата емисија „Забрането да се забрани“ поради лојалност кон својата  земја.

Неколку дена подоцна, ЕУ соопшти дека ги забранува сите различни медиуми на РТ, како и оние на Спутник од Кремљ поради нивната „кампања на дезинформации, манипулации со информации и искривување на фактите“.

Како што јави Ројтерс бран оставки се случи и во руската државна новинска агенција Рупли со седиште во Германија.

Руските медиуми кои не се во Кремљ беа под постојани напади со години а на некои им беа залепени етикети на странски агент од советската ера.

Радио Ехо Москва, исто така, беше исклучено поради новото законодавство на Русија за таканаречените лажни информации. Би-Би-Си на руски е меѓу бројните западни медиуми кои се забранети, додека новинарите кои работат за Медуза со седиште во Латвија беа принудени да ја напуштат Русија.

Но, не исчезнаа само новинарите од државната телевизија. Еден од најголемите руски водители на ток-шоу, Иван Ургант, направи пауза од неговото шоу во ударен термин на вториот најголем руски канал, Канал 1, кој е дел од истата информативна мрежа како и онаа каде протестираше Марина Овсијаникова.

Тој реагираше на војната објавувајќи црн квадрат на својот Инстаграм профил со едноставна порака: „Страв и болка. Нема војна“. Веднаш потоа тој им порача на своите следбеници да не паничат и дека заминал на одмор и дека наскоро ќе се врати.

Руската славна двојка број еден Ала Пугачева и Максим Галкин се меѓу бројните други фигури на шоу бизнисот кои исто така заминаа на одмор. Галкин на Инстаграм рече: „Не може да има оправдување за војна! Нема војна! (преземено од Би-Би-Си)

руски медиуми оставки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.