Неколку ракети утринава ја погодиле фабриката за поправка на авиони во украинскиот град Лвов, во западниот дел на земјата.
Градоначалникот Андриј Садовиј соопшти дека нема жртви во нападот, а уништена е фабричката зграда, па работниот процес е во прекин.
Според воени извори, нападот е извршен со ракети „Кх-55“ лансирани од тешки стратешки бомбардери.
Со такво оружје во неделата беше нападната и воената база во близина на Јаворив, во западниот дел на Украина.
Садовиј претходно рече дека руска ракета ја погодила областа во близина на аеродромот, но оти самиот аеродром во Лвов не е погоден.
Украинската „Телевизија 24“ јави дека утрово најмалку три силни експлозии се регистрирани во градот Лвов.