НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Задорожњук: По војната во Украина, ќе има радикални промени не само во европската, туку и во светската политика

0
By Biljana on March 18, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: НоваТВ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По војната започната од Русија ќе има радикални промени, не само во европската, туку и во светската политика, вели во интервју за МИА украинската амбасадорка во земјава Наталија Задорожњук.

Во врска со барањето на Украина за брз прием во Европската Унија, амбасадорката вели дека Киев сега работи на тоа брзо да ја помине специјалната процедура и Украина да стане членка на ЕУ.

„Се зависи од политичката волја на Европа, на што работи Киев. Европската Унија сега презема чекори без преседан за поддршка на Украина. Ќе го почекаме одговорот на Европската комисија“, вели Задорожњук.

Според неа, со цел прекин на воените дејствија од страна на Русија, потребни се остри санкции и обезбедување оружје, како и затворање на небото над Украина.

Во однос на мировниот план меѓу Русија и Украина од 15 точки, вклучително и прекин на огнот и повлекување на Русија, под услов Киев да прогласи неутралност и прифати ограничувања на своите вооружени сили, Задорожњук вели дека украинската страна има свои позиции.

Таа вели дека во Северна Македонија нема голем бран на бегалци од Украина

„Повеќето луѓе се сместија кај пријатели и роднини. Многу граѓани на Северна Македонија се јавуваат и доаѓаат во Амбасадата и нудат сместување за нашите граѓани, за што сме им исклучително благодарни. Во моментов работиме со релевантните владини агенции за да обезбедиме нашите граѓани да имаат можност да побараат медицинска нега кога е потребно, децата да посетуваат училишта и градинки. Денес имаме целосна поддршка од Владата на Северна Македонија по ова прашање“, вели амбасадорката.

Во однос на хуманитарната помош за Украина, амбасадорката вели дека има најголема потреба од секои видови на храна, пред се долготрајна, лекови (особено против болки), средства за хигиена и топла облека.

„Според мене, ефективно решение се состои од два фактори – обезбедување оружје и остри санкции. Навремено обезбедување на Украина со потребното оружје за одбрана. Витално ни е потребно да го затвориме небото бидејќи путинскиот фашистичкиот режим со своите ракети, бомбардирања, уништува цивилна инфраструктура, гранатира станбени области, користи артилерија, ракетни фрлачи со повеќе цевки и балистички проектили, користи забрането оружје, фрла фосфатни бомби. Уништени и разурнати се околу 4.000 цивилни инфраструктурни објекти, меѓу кои 500 образовни институции (детски градинки, училишта, институти), болници (околу 200), храмови, театри и музеи“, вели амбасасдорката на Украина во земјава, Наталија Задорожњук.

Според неа, по оваа војна започната од Русија, ќе има радикални промени не само во европската, туку и во светската политика. Што се однесува до ЕУ, вели, сега работиме на тоа брзо да ја поминеме специјалната процедура и Украина да стане членка на Европската Унија. Се зависи од политичката волја на Европа, на што работи Киев. Европската Унија сега презема чекори без преседан за поддршка на Украина. Ќе го почекаме одговорот на Европската комисија.

Амбасадор на Украина во С Македонија Наталија Задорожњук
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.